Запечени млади компирчиња со сенф и пиво

Запечени млади компирчиња со сенф и пиво

Едноставен рецепт кој на младите компирчиња им дава совршена арома…

Состојки:

  • 1 кг млади компирчиња
  • 2 лажици мајонез
  • 3 лажици сенф
  • 50 мл пиво
  • сол
  • бибер
  • црвена пипер
  • оригано
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Добро исчистете ги младите компирчиња и исушете ги. Префрлете ги во намастен сад за печење и прелијте со разматен мајонез, сенф и пиво. 
  2. Протресете го садот и додајте сол и бибер по вкус, како и сите останати зачини, посипете рамномерно. 
  3. Ставете го садот во умерено загреана рерна, оставете компирчињата да се печат додека не бидат готови.
    Неколку пати измешајте ги за да се испечат рамномерно.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text