Тесто за пица како од италијанските пицерии – еве како да го направите (Видео)

Тесто за пица како од италијанските пицерии – еве како да го направите (Видео)

Наједноставното тесто за пица, речиси без месење и толку меко што се разлекува со раце. Ова тесто може да го направи секој почетинк и да го развлече без сукало како вистински мајстор!

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл вода
  • 70 мл масло
  • 15 гр квасец (3-4 гр сув)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Во топла вода издробете квасец и додајте шеќер, па измешајте. 
  2. Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица. 
  3. Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте. 
  4. Кога тестото веќе не може да се меша со лажица, измесете го лесно со раце, само обликувајте го. Не е потребно долго месење бидејќи тестото ќе биде добро изработено со лажица. 
  5. Додајте го остатокот од маслото и оставете да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо. 
  6. Работната маса посипете ја со брашно и лесно премесете го тестото. 
  7. Од оваа мера има тесто за две големи округли тепсии. Тестото е меко и може да се развлече со раце. 
  8. Филувајте го по желба и печете на најјака температура.

Добар апетит!

Деталите погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Домашни рецепти“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text