Направете домашен совршен чоколаден сладолед, кој веднаш ќе го снема од ладилникот.Навистина е лесно и вкусно, а се е детално објаснето и со видео подготовка:
Состојки:
- 200 гр. темно чоколадо
- 5 јајца
- пола шолја шеќер
- 500 мл. млеко
Подготовка:
- Темното чоколадо се топи на пареа, а празен сад се става во ладилник.
- Во друг сад се мешаат јајцата и шеќерот (може да се користи и обичен и шеќер во прав). Потоа постепено се додава млекото матејќи.
- Потоа, во смесата се додава и растопеното чоколадо, се меша на оган, па се трга пред да зоврие. Нека се олади па префрлете ја во заледениот сад од ладилник.
- Нека се лади бар 45 минути.
- Извадете ја смесата која малку се стврднала, измешајте ја и вратете ја пак на 45 минути.
- Повторно измешајте, па вратете ја и оставете ја околу 90 минути.
- Ова е деталната видео подготовка:
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Тече чоколадо, а врз него малини
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет