Повкусно од фурнарини: Деликатес кој мора да го пробате

Повкусно од фурнарини: Деликатес кој мора да го пробате

Направете супер вкусни стапчиња од карфиол и брокула, со додатоци кои ги прават да се топат во уста.

Состојки:

  • 4 шолји иситнет карфиол 
  • 4 шолји брокула 
  • 3 белки 
  • 1 јајце 
  • 1 шолја рендан кашкавал 
  • 2 лажички оригано 
  • 1 лук

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200 степени. Брокулата и карфиолот убаво се мијат, па се ставаат во блендер, а потоа во сад и во микро околу  8 минути. 
  2. Потоа, се ставаат во сад, се додаваат три белки, едно цело јајце, сечен лук, кашкавалот, оригано, сол и бибер, па се убаво се меша. 
  3. Се става намастена хартија во тепсија, се става смесата и се притиска со прстите да биде рамна. 
  4. Се пече 20 минути, потоа се превртува и се пече уште 20. 
  5. Пред крајот ставете уште малку кашкавал и оригано горе и запечете кратко да се стопи.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*