Лава колачи од калапи за мафини – Не давајте пари по ресторани

Лава колачи од калапи за мафини – Не давајте пари по ресторани

За да направите вкусен лава колач за кој се даваат многу пари по ресторани и кафулиња, потребни ви се неколку состојки и малку труд. 

Состојки:

  • 2 лажици растопен маргарин 
  • 2 лажици какао во прав 
  • ¾ шолји путер 
  • 360 гр. чоколадо 
  • 5 јајца 
  • ½ шолји слатка павлака 
  • ¾ шолји шеќер 
  • 2/3 шолји брашно

 

Подготовка:

  1. Калапите за мафини се премачкуваат со растопениот маргарин, па се става какао во прав. 
  2. На пареа се топи чоколадото, се додава путер и павлака и се меша. 
  3. Се трга од шпорет, се лади, па се става  едно по едно јајце, шеќер и брашно и се меша со жица. 
  4. Со тестото се полнат калапите и се оставаат во ладилник еден час. 
  5. Се загрева рерната на 220 степени, се печат потоа колачите 10 минути. 
  6. Може да ги послужите со топка сладолед.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

singlepost_text