Ако не знаете што да подготвите за ручек или вечера, пробајте го овој запечен компир во павлака со сува сланина – неодоливо добар вкус…
Состојки:
- 600 гр компири
- 200 гр кисела павлака
- 2 јајца
- зачин
- сол
- бибер
- масло
- 200 гр сланина
Начин на подготовка:
- Компирите исчистете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Во чинија скршете и разматете јајца, додајте павлака, зачин, бибер и сè измешајте.
- Ѓувечот намастете го со масло па ставете компир, оставете малку за од горе, распоредете компир па додајте го остатокот од павлаката.
- Сланината распоредете ја преку компирите и печете на 200 степени да порумени околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт