Кога еднаш ќе ги пробате, често ќе бидат на вашето мени…
Состојки:
- 6 компири со средна големина
- 2 лажици маслиново масло
- путер
- морска сол
- свежо мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени. Измијте ги компирите и ставете ги на даска за сечкање.
- Исечете ги компирите на тенки парчиња кои досегнуваат речиси до долната страна на компирот, како на сликата.
- Прелијте со мешавина од масло и путер и посипете со малку морска сол и бибер.
- Печете ги компирите 40-60 минути или додека не станат крцкави од надвор, а сочни од внатре.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи