Колач со овесни снегулки и јаболка

Колач со овесни снегулки и јаболка

Ќе ве воодушеви освежувачкиот колач со заводлива крцкава текстура…

Состојки:

  • 1 1/2 шолја брашно
  • 1 шолја овесни снегулки
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • изрендана кора од половина лимон
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • малку сол
  • 1/2 лажичка цимет
  • 70 мл масло
  • 3 кисели јаболка, тенко исечкани
  • 50 гр исечкани ореви
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете и побрашнете сад за печење. 
  2. Во чинија измешајте брашно, овесни снегулки, кора од лимон, прашок за печиво, сол и цимет. Додајте масло па измешајте така што ќе добиете смеса која се троши. 
  3. Одвојте 2/3 од смесата па цврсто втиснете ја на дното од садот за печење. На тоа ставете парчиња јаболка. Во остатокот од смесата додајте исечкани ореви па посипете по јаболката и притиснете со дланка. Печете 30-35 минути. Целосно изладете пред сечење. По желба посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*