Домати полнети со ориз и маслинки

Домати полнети со ориз и маслинки

Домати со вкусен и ароматичен фил од ориз и маслинки.

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • 500 мл супа
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 100 гр црни маслинки без коски
  • 8 домати со средна големина
  • 2 лажици путер

Начин на подготовка:

  1. Оризот ставете го во длабоко тенџере, па прелијте го со супа и оставете го да крчка околу 15 минути, да ја впие течноста. 
  2. Исчистете кромид и лук, исчекајте, издинстајте на маслиново масло. Додајте зготвен ориз и сè измешајте. Посолете и побиберете. Маслинките исечкајте ги и измешајте ги во масата со ориз. 
  3. Загрејте рерна на 200 степени. Доматите измијте ги и избришете ги, од секој тргнете го тврдиот поклоп и издлабете го плодот. Издлабениот меснат дел испасирајте го па ставете го во намастена тепсија. Внатрешноста од издлабениот домат посолете ја и побиберете ја, па исполнете ги доматите со ориз. На секој полнет домат ставајте тенок лист путер, па поклопете со поклопите. Полнетите домати печете ги во рерна 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text