Експлозија од вкусови: Највкусниот колач од тесто и овошје

Експлозија од вкусови: Највкусниот колач од тесто и овошје

Ако сакате да испечете колач кој е вкусен, а е составен од многу едноставни состојки, ова е рецепт за вас.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр брашно
  • 100 гр гриз
  • 50 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 200 гр суви сливи
  • шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и гриз измешан со прашок за печиво, додајте масло, сè заедно изедначете па ставете во намастен плех и тоа само половина и убаво распоредете. 
  2. Печете на 200 степени 5 минути, па извадете од рерна. Од горе наредете суви сливи (можете да додадете и праска од компот) па ставете го остатокот од тестото и покријте го овошјето. 
  3. Печете и понатаму на иста температура уште 30 минути убаво да порумени. Врелиот колач посипете го со шеќер во прав замирисан со ванила.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*