Брз чоколаден колач со јогурт

Брз чоколаден колач со јогурт

Брзо се прави, не е скап, а вкусот е фантастичен!

Состојки за кора:

  • 2 чаши јогурт
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 лажичка сода бикарбона

Состојки за прелив:

  • 100 мл млеко
  • 100 гр чоколадо
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажичка путер

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки за кора измешајте ги, ставете ги во намастена и побрашнета тепсија и печете на 180 степени околу 20-25 минути. Проверете со чепкалка дали бисквитот е печен.
  2. За преливот, сите состојки растопете ги на тивок оган и со топлиот прелив прелијте го топлиот колач. Почекајте да се излади па оставете во фрижидер најамалку два часа пред послужување. Декорирајте по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*