Направете вкусни топчиња или бомбици од мелено месо со многу сусам кој дава супер вкус.Ова е рецептот за вкусен ручек.
Состојки:
- 500 гр. мелено месо
- 1 компир
- 1 главица кромид
- 2 чешни лук
- 1 јајце
- 2-3 лажици рендан кашкавал
- вегета
- бибер
- сол
- 200 гр. сусам
- масло за пржење
Подготовка:
- Во сад се става месото, па му се ставаат сол, бибер и вегета, исечен кромид и лук, јајце и кашкавал.
- Се става и изренданиот компир, а може да си додадете и магдонос по избор.
- Се прават мали топчиња и се валкаат во сусам.
- Се пржат на масло додека не поруменат.
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна