Палачинки со сирење и јагоди

Палачинки со сирење и јагоди

Сочни јагоди во комбинација со фил од сирење и свежо испечено тесто – одличен рецепт за уживање!

Состојки за палачинки:

  • 150 гр брашно
  • 1 јајце
  • сол
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици шеќер
  • 200 мл млеко
  • 300 мл кисело млеко

Состојки за фил:

  • 150 гр крем сирење
  • 100 гр кисела павлака
  • 50 гр шеќер
  • 200 гр јагоди
  • цимет за посипување

Начин на подготовка:

  1. Во чинија за матење разматете со миксер јајце, сол, шеќер, ванилин шеќер и масло. Постепено додавајте брашно, а потоа млеко и кисела вода. Постојано матете и водете сметка да не се направат грутки. Испечете палачинки.
  2. Сирењето измешајте го со кисела павлака и шеќер. Јагодите исчистете ги, измијте ги и исечкајте ги.
  3. Палачинките филувајте ги со крем сирење и преку наредете исечкани јагоди. Свиткајте ги палачинките на половина па уште еднаш на половина, за да добиете триаголници. Сервирајте на чинија, посипете со цимет и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*