Гратинирани брокули со макарони

Гратинирани брокули со макарони

Лесно јадење, едноставно за подготовка…

Состојки:

  • 350 гр макарони
  • 500 гр брокули
  • 300 мл јогурт
  • 250 гр швапско сирење
  • 200 гр трапист
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Брокулите исчистете ги од корен и раздвојте ги на цветови, па измијте ги под млаз студена вода. 
  2. Потоа кратко бланширајте од три до пет минути во посолена врела вода. 
  3. Омекнатите брокули исцедете ги и оставете ги на страна. 
  4. Посебно обварете макарони ал денте, па и нив процедете ги од вишокот течност. 
  5. Во длабок сад измешајте брокули, макарони и швапско сирење, па префрлете во огноотпорен сад намастен со масло. 
  6. Разматете јајца со јогурт и малку масло. Зачинете по вкус и прелијте преку макароните. 
  7. Сè посипете со рендан трапист. Печете во загреана рерна на 200 степени 25 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*