Погачици со сирење и кајмак, повкусни немате пробано (Видео)

Погачици со сирење и кајмак, повкусни немате пробано (Видео)

Меки погачици, се топат во уста! Кајмакот им дава уште поубав вкус, а може да се подготват и само со сирење…

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 40 гр свеж квасец (или 10 гр сув)
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • 200 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 200 мл вода
  • 3 јајца (едно за тестото, друго за филот, трето за премачкување)
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр ситно сирење
  • 150 гр кајмак

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете 500 гр брашно, направете вдлабнатина на средина и тука издробете квасец, додајте шеќер и млако млеко. Измешајте ги само состојките во средина, прекријте со крпа и оставете да отстои 10 минути. 
  2. Потоа додајте масло, вода, едно јајце па почнете со месење. Посолете и додајте уште брашно ако е потребно. 
  3. Тестото поделете го на 5 еднакви делови и секој дел премесете го. Оставете кратко да надојде па развлечете ја првата кора. На неа премачкајте фил (за филот, со вилушка измешајте омекнат маргарин, сирење, кајмак и едно јајце), преку ставете друг дел развлечено тесто, избоцкајте со вилушка и така редете додека не ги потрошите тестото и филот. На петтата кора не мачкајте ништо. Оставете на маса да надојде 15 минути, развлечете со сукало не така тенко па сечете погачици. 
  4. Редете во обложена тепсија па вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Премачкајте ги погачиците со разматено јајце, по желба посипете со семки. 
  5. Погачиците печете ги во загреана рерна околу 20 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*