Пилешко со сланина и кремав сос – пикантен ручек за цело семејство

Пилешко со сланина и кремав сос – пикантен ручек за цело семејство

Направете вкусно пилешко месо со пикантен вкус кој не се заборава.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 400 гр. бело месо 
  • 500 гр. шампињони 
  • 150 гр. сланина 
  • 2,5 дл. неутрална павлака 
  • бибер 
  • лута сечена пиперка 
  • магдонос

 

 

Подготовка:

  1. Месото се посолува и му се става бибер, па се валка во малку брашно и се пржи од сите страни да порумени. 
  2. Се вади на чинија, па се обвиткува со сланина, а горе се ставаат печурките кои убаво ќе ги исечете и издинстате на масло со павлаката. 
  3. Се става кремот со печурки врз месото, се ставаат зачини и се сече лутата пиперка горе. 
  4. Декорирајте со магдонос.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте