Нека ви замириса кујната: Неодоливо печиво со босилек

Нека ви замириса кујната: Неодоливо печиво со босилек

Меко, вкусно, мирисно печиво со босилек. Вкус кој освојува…

Состојки:

  • 1 кг глатко брашно
  • 25 листови свеж босилек
  • 600 мл топла вода
  • 10 гр сув квасец
  • семки од сончоглед
  • 50 гр путер
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте листови босилек со брашно. Ставете го брашното на чиста работна површина и направете вдлабнатина во средината. Растопете квасец во вода и ставете го во вдлабнатината. 
  2. Полека мешајте со брашното додека не почне да се создава тесто, а потоа додајте путер и сол. Месете додека тестото не стане глатко и еластично. Замотајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го да отстои 10 минути, а потоа обликувајте мали печива со тежина од околу 50 гр. 
  3. Навлажнете ја површината на печивата со мала количина вода на собна температура и посипете со семки по избор. Наредете ги печивата, побрашнети и доволно раздалечени да не се допираат, во тепсија која сте ја обложиле со хартија за печење. 
  4. Замотаје го тестото со проѕирна фолија и ставете го на топло место да се подигне додека двојно не се зголеми, од прилика 1 час. Загрејте рерна на 180 степени. Печете од прилика 15 минути додека не поприми убава, златножолта боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text