Најбрз и највкусен рецепт за проја – нема шанси да не успее

Најбрз и највкусен рецепт за проја – нема шанси да не успее

Најбрз и највкусен рецепт за проја која е совршена и за појадок и ручек и вечера.

Состојки:

  • 300 гр. сирење 
  • 3 јајца 
  • 3 шолји палента 
  • 2 шолји брашно 
  • 2 шолји масло 
  • 2 шолји млеко 
  • 2 шолји кисела вода 
  • 1 прашок за пециво 

     

 

Подготовка:

  1. Се зема сирењето, па се разронува со вилушка, а потоа се ставаат сите состојки, јајцата, палента, брашно, масло, млеко, кисела вода и прашок за пециво, па убаво се меша. 
  2. Се става во подмачкан плех и се пече на 220 степени додека не порумени. 
  3. Може да го направите и во куглоф по желба. 

Одлично е за со јогурт, павлака или кисело млеко 🙂

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*