Гурмански, а лесен: Компир со рен

Гурмански, а лесен: Компир со рен

Подгответе компир на овој начин, вкусот е совршен!

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 корен рен
  • 2 лажици брашно
  • оцет
  • масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте 1 кг компири, налијте вода и згответе. Излупете ги и исечете ги на тенки кругови. 
  2. На врело масло пропржете 2 лажици брашно, но внимавајте да остане бело. Налијте со студена вода и мешајте да не се создадат грутки. Посолете и гответе до густина на сос. 
  3. Пред послужување во сосот додајте изрендан корен рен (или 2-3 лажици рендан рен од тегла). Во сосот додајте оцет по желба. 
  4. Во чинија ставете компири и прелијте ги со сос од рен.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text