Мусака од печени пиперки и мелено месо

Мусака од печени пиперки и мелено месо

Исклучително вкусна мусака која многу лесно и брзо се подготвува…

Состојки:

  • 10 печени пиперки (црвени)
  • 500 гр мелено месо по избор
  • 200 гр кисела павлака
  • 4 јајца
  • 100 мл масло
  • 1 главица кромид
  • 150 гр ориз
  • 1/2 веза мгдонос
  • 1 лажица сув зачин
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Оризот измијте го и сварете го. Исечканиот кромид издинстајте го на масло па додајте го во меленото месо, оризот, зачините, исечканите листови. Крчкајте 5-7 минути.
  2. Пиперките излупете ги и исчистете ги од семки. Огноотпорниот сад или тепсијата намастете ја со масло, наредете пиперки, фил, разматени јајца и павлака (и нив малку зачинете ги), повторно пиперки, фил, премаз од павлака и јајца и така додека не го потрошите материјалот.
  3. На крај треба да и има пиперки и премаз од павлака. Печете на најјака температура околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*