Совршен ѓувеч полн со витамини

Совршен ѓувеч полн со витамини

Ова е највкусниот ѓувеч на светот! Еве како да го подготвите…

Состојки:

  • 600 гр свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 100 гр грашок
  • 100 гр боранија
  • 200 гр карфиол
  • 100 гр брокули
  • 100 гр моркови
  • 2 домати
  • 100 гр тиквици
  • малку црвена пипер
  • ловоров лист
  • 100 гр ориз
  • зачин
  • масло
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете сечкан крмоид, додајте сечкана зелена пиперка, потоа на коцки сечкано месо и сè динстајте со малку вода.
  2. Додајте го целиот зеленчук сечкан на коцки и продинстајте уште. На крај ставете измиен ориз, зачин и црвена пипер, прелијте со вода, поклопете водата да испари.
  3. Префрлете го ѓувечот во плех, па ставете го во рерна да се запече околу 30 минути за убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text