Експлозија на вкус од чоколадо и кокос

Експлозија на вкус од чоколадо и кокос

Направете ги највкусните колачи со кокос, по брз и оригинален рецепт. 

Состојки:

  • 4 јајца 
  • 12 лажици шеќер 
  • 12 лажици масло 
  • 12 лажици млеко 
  • 12 лажици брашно 
  • 1 ванилин шеќер 
  • 1 прашок за пециво 

 

Состојки за фил:

  • 3,5 дл. млеко 
  • 4 лажици шеќер 
  • 1/24 маргарин 
  • 250 гр. чоколадо за готвење
  • кокос за горе

 

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додава масло и се меша со најмала брзина на миксерот. 
  2. Се додава млеко, па се продолжува со мешање, па се додава и брашното измешано со прашок за пециво. 
  3. Се пече на 180 степени околу половина час. 
  4. Филот се прави со млекото кое се вари на оган, заедно со маргарин и шеќер. 
  5. Кога ќе го тргнете од оган ставете чоколадо. 
  6. Ставате го чоколадото над колачот, па ставете кокос.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

singlepost_text