Направете големи, а толку меки и сочни крофни со шеќер во прав на нив, кои се омилени на сите.Го нема делот со стоењето до шпорет и со пржењето во масло, што секако е штетно.
Состојки:
- 40 гр. свеж квасец
- 900 гр. брашно
- 4 јајца
- 300 мл. јогурт
- 200 мл. вода
- 150 гр. шеќер во прав + 150 гр. за горе
- 150 гр. маргарин + 100 за премачкување
Подготовка:
- Во млака вода се разматува квасецот со шеќер, па во вангла се става брашното со јогуртот и јајцата, шеќерот и растопениот маргарин.
- Потоа се става и надојдениот квасец и се меша со жица да се соедини тестото.
- Нека стои еден час да нарасне двојно, па ставете брашно на работната маса и премесете го тестото.
- Развлечете го тестото, вадете крофни со шолја и ставајте ги во плех премачкан со маргарин.
- Нека ви остане простор бидејќи ќе нараснат.
- Оставете ги 15 минути вака, па печете ги на загреана рерна на 180 степени.
- Растопете го маргаринот кој остана или стоте грама, веднаш премачкајте ги кога ќе ги извадите од рерна и ставете шеќер во прав.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти: