Најбрз колач со вишни – меко тесто како душа, се топи секој залак

Најбрз колач со вишни – меко тесто како душа, се топи секој залак

Направете вкусен и сочен колач со вишни. Идеално освежување. Киселкаво благ вкус и ноти кои сите ќе ги освојат.

Состојки:

  • 3 јајца 
  • 4 мали шолји шеќер 
  • 1 мали шолји кисела вода 
  • 2 мали шолји млеко 
  • 2 мали шолји масло 
  • 7 мали шолји брашно 
  • 1 прашок за пециво 
  • 2 кеси ванилин шеќер 
  • 500 гр. вишни замрзнати 
  • 1 лимонова кора

 

 

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер во еден сад, па се додаваат кисела вода, млеко, масло, брашно, прашок за пециво, рендана кора од лимон и ванилин шеќер. 
  2. Се става смесата во плех за печење и се ставаат и вишните во смесата. 
  3. Се пече на загреана рерна на 200 степени половина час. 
  4. Може да декорирате со шеќер во прав по избор.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text