Домашен локум: Вистински предизвик за искусни

Домашен локум: Вистински предизвик за искусни

Идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат, домашниот локум е незаменлив десерт во вашиот дом!

Состојки:

  • 500 гр шеќер
  • 150 мл вода
  • 1/2 лимон
  • 100 гр сечкани ореви
  • 150 гр густин
  • 150 гр шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Во широко тенџере ставете шеќер и додајте вода па ставете на шпорет да се ушпинува погусто отколку за слатко. 
  2. Разматете густин со малку студена вода, па кога шеќерот ќе се ушпинува додајте густин и мешајте да нема грутки. Гответе со мешање околу 40 минути. 
  3. Масата мора да биде многу густа да се одвојува од дното. Разлејте ја во емајлиран плех кој сте го намастиле со малку масло и оставете добро да се излади. Сечете по желба и извалкајте ги локумчињата во шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text