Ќофтиња со динстани печурки

Ќофтиња со динстани печурки

За следниот ручек ви предлагаме да подготвите ќофтиња со динстани печурки.

Состојки за ќофтиња:

  • 1/2 кг мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 голем рендан компир
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици презла
  • бибер по потреба
  • сол
  • сув зачин
  • масло за пржење

Состојки за прилог:

  • 500 гр печурки
  • 2 главици црвен кромид
  • сол
  • сув зачин
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во чинија ставете мелено месо, ситно сечкан кромид и лук, ситно рендан излупен компир, јајце, бибер, сол и зачин по вкус. Добро измешајте и соединете ги сите состојки со месото. Оставете еден час под фолија во фрижидер. 
  2. Со намастени раце обликувајте ќофтиња, извалкајте ги во презла и пржете ги на масло. Ставајте ги на кујнска хартија да ја впие маснотијата. 
  3. Во тава ставете малку масло, додајте кромид исечкан на листови и издинстајте го. Шампињоните излупете ги, исечете ги на листови и додајте во тавата со кромид и динстајте додека не испари сета течност. Побиберете, посолете и додајте зачин по вкус.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text