Банани за доручек? Еве дали се добри

Банани за доручек? Еве дали се добри

Се поставува прашањето кое ги подели нутриционистите, дали, генерално, денот треба да го започнете со ова овошје…

Сите мислиме дека нема грешка ако денот го започнеме со овошје, но со ова тоа би било голема грешка.

Бананите се одлични за варењето, богати се со калиум, влакна и магнезиум, а и доста се практични како доручек бидејќи нема ништо полесно од тоа да излупите банана и да ја изедете наутро. Тоа е вистина, но можеби има и подобар избор за доручек од банана.

Имено, четвртина од ова овошје е составено од шеќер, а освен тоа бананата создава киселост во телото. Исто така, таа дава енергија, што наутро на сите добро им доаѓа, меѓутоа, тој полет не трае долго.

Сепак, ако ве растажи тоа што вашето омилено утринско овошје е вака лажливо, имаме и добра вест.

Постои начин од бананата да се извлече најдоброто – секогаш комбинирајте ја со други намирници, и тоа не било кои. Ако бананите ги изедете со здрави масти и одредени зачини, ќе ја неутрализирате киселоста и ќе спречите пораст на инсулин.

Испробајте кокосово масло, ленено или чиа семе, куркума и цимет. Така ќе добиете сè – и брз и вкусен здрав оброк со своето омилено овошје.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text