Стар рецепт за Велигден – деликатесен куглоф за празничната трпеза

Стар рецепт за Велигден – деликатесен куглоф за празничната трпеза

Направете традиционален велигденски деликатес кој совршено ќе стои на свечената трпеза со јајца. 

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 20 гр. квасец свеж
  • 100 гр. маргарин
  • 50 гр. шеќер
  • 4 жолчки
  • 1 кора од лимон
  • 1 лажиче сол
  • 60 мл. рум
  • 2,5 дл. млеко
  • 2 ванилин шеќер
  • 80 гр. суво грозје
  • ванилин шеќер за горе

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се рони во 1 дл. топло млеко, 1 лажица брашно и лажиче шеќер, па се остава да нарасне.
  2. Потоа, маргаринот со шеќерот и жолчките се мати во сад, во брашното се додава сол, изрендана кора од лимон, па ванилин шеќер и суво грозје.
  3. Направете вдлабнатина во брашното, додајте го квасецот, и млекото, како и смесата со маргарин.
  4. Се прави тесто, се замесува, се остава да нарасне, па се става во сад за куглоф.
  5. Нека нарасне додека се загрее рерната на 180 степени, па печете 40 минути.
  6. Ставете најгоре по печењето шеќер во прав.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Велигденски јајца со ружички

Фарбање јајца со памук

Офарбајте јајца со весници

7 техники за фарбање јајца

Сакате совршено пржени јајца?

singlepost_text