Посебен рецепт за Француска салата – точни мерки за најубавата свечена салата

Посебен рецепт за Француска салата – точни мерки за најубавата свечена салата

Вкусна француска салата за вашата празнична трпеза.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 350 гр. грашок 
  • 350 гр. морков 
  • 500 гр. компир 
  • 15 кисели краставички 
  • 4 варени јајца 
  • 1 јаболко 
  • 350 гр. мајонез 
  • 1 шолја јогурт 
  • 1,5 шолји павлака 
  • 2 лажички сол

 

 

Подготовка:

  1. Се варат компирот и морковите, па се сечат ситно на коцки. 
  2. Се вари грашокот, се варат и јајцата. 
  3. И јајцата ситно се сечат. 
  4. Се лупи јаболкото и се сече на коцки, па се сечат и киселите краставички. 
  5. Сите состојки се ставаат во една вангла, се додаваат павлака, јогурт и мајонез, сол и се меша. 
  6. По желба додадете повеќе мајонез или павлака, во зависност од вкусот. 
  7. Декорирајте по желба. 
  8. Нека се стегне во ладилник па послужете.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Мимоза салата во ново руво

Брза крем салата со јогурт

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*