Стојат 15 дена и се меки како првиот ден: Универзално тесто за најубавите велигденски колачиња

Стојат 15 дена и се меки како првиот ден: Универзално тесто за најубавите велигденски колачиња

Омилените празнични колачиња ќе бидат на вашата трпеза. Ова е универзален рецепт за кекси, кои може да ги правите во различни форми. За Велигден совршени се зајачиња и јајца.

Состојки:

  • 500 гр. остро брашно

     

  • 300 гр. меко брашно

     

  • 1 јајце

     

  • 1 жолчка

     

  • 1 белка за украсување

     

  • 1 ванилин шеќер

     

  • 250 гр. шеќер во прав

     

  • 500 гр. маргарин

     

  • 5 лажици млеко

 

 

Подготовка:

  1. Маргаринот мора да е на собна температура.

     

  2. Земете пластичен сад, ставете го маргаринот и матете го со шеќер во прав, па додајте ги брашното, јајцето, жолчката и мешајте.

     

  3. Замесете тесто и додајте млеко, па уште месете.

     

  4. Развлечете го и вадете јајца или зајачиња со калапи.

     

  5. Се печат на 180 степени 10-15 минути, во зависност од тоа колку тенко ќе го развлечете тестото.

     

  6. За украсување ви требаат белка и шеќер во прав, 200 грама, така што се матат со вилушка, па се ставаат во кесе, се стиска и се шара.

     

  7. Стојат и до 15 дена.

     

 

singlepost_text