Салата со пилешко месо и зеленчук

Салата со пилешко месо и зеленчук

Оваа салата толку заситува што можете да ја послужите и како главен оброк.

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 4 поголеми моркови
  • 300 гр кисели краставички
  • 1 пиле од 2 кг (може и парчиња месо)
  • 300 гр мајонез
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 корен магдонос
  • 1 помал корен целер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 100 мл течност од теглата со кисели краставички
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. За оваа салата најдобро е да зготвите убава домашна супа и да го искористите месото и зеленчукот за уште едно јадење. Со самото тоа салата ќе биде и повкусна. 
  2. Ако се одлучивте за супа, потребни ќе ви бидат и моркови, кромид и зачин… 
  3. Месото и зеленчукот извадете ги од супата па оставете ги да се изладат. Исечкајте ги на коцки, а исто исечкајте ги и киселите краставички. 
  4. Посебно измешајте мајонез, павлака, течност од кисели краставички, лук, бибер и сол. 
  5. Сè наведено соединете и оставете неколку часа пред послужување.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text