Ви предлагаме да го подготвите највкусното рижото со морски плодови!
Состојки:
- 150 гр ориз
- 1 морков
- 200 гр готови морски плодови
- 1 главица кромид
- маслиново масло
- сол
- бибер
- магдонос
- 3 чешниња лук
- 100 мл бело вино
Начин на подготовка:
- Оризот добро измијте го и ставете го да се вари во малку вода околу 4-5 минути, водата да испари.
- На масло пропржете ситно сечкан кромид па додајте морков. Кога сè малку ќе се издинста, додајте морски плодови, бело вино и сечкан лук и динстајте уште 15 минути. На крај додајте зачин, бибер, сол и сечкан магдонос.
- Во така подготвените морски плодови додајте варен ориз и лесно измешајте, поклопете и оставете поклопено 10-15 минути за оризот да ги впие мирисите. Може да се користи како прилог или како главно јадење.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи