Динстани шампињони во павлака со зачини – нема повкусни

Динстани шампињони во павлака со зачини – нема повкусни

Идеален прилог за јадења од месо…

Состојки:

  • 300 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • зачин
  • оригано
  • мелен бибер
  • магдонос
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица павлака (може и повеќе)
  • 1 зелена пиперка
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги шампињоните и исчистете ги. Кромидот исечете го ситно па пропржете го на масло, додајте сечкана пиперка па и неа пропржете ја, потоа додајте шампињони ставете малку вода па динстајте околу 15 минути за водата да испари, додајте ситно сечкан лук, зачин, бибер и оригано. Уште малку динстајте.
  2. Исклучете и додајте павлака по желба. Измешајте и послужете топло.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text