Посен колач со портокал и чоколадо – торта со „изронет” пандишпан

Посен колач со портокал и чоколадо – торта со „изронет” пандишпан

Направете вкусна торта со чоколадо и фил од портокали која е посна и брза.Ова е рецептот:

Состојки за пандишпан:

  • 20 лажици масло 
  • 20 лажици вода 
  • 20 лажици шеќер 
  • 15 лажици брашно 
  • 5 лажици гриз 
  • 1 кесе прашок за пециво

Фил:

  • 200 гр. шеќер 
  • 1 шолја вода 
  • 4 лажици џем од кајсии 
  • 1 портокал 
  • 100 гр. посни бисквити мелени

 

Глазура:

  • 3 реда посно чоколадо 
  • 5 лажици вода 
  • 3 лажици масло 
  • 2 лажици шеќер

 

Начин на подготовка:

  1. Се соединуваат сите состојки за кора, се ставаат во плех, па се пече околу 20 минути на 18 степени, па се сече на два дела. 
  2. За фил се вари шеќерот со вода, па се додава една од корите ситно изронета, џемот, исечениот и изблендиран портокал и бисквитите. 
  3. За глазура се загреваат сите состојки со постојано мешање, па кората која остана се премачкува со смесата со измелената кора, па се става глазура. 
  4. Нека се стегне па исечете. 
  5. Декорирајте по желба.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*