Пица леб: Децата ќе бидат воодушевени од овој оброк

Пица леб: Децата ќе бидат воодушевени од овој оброк

Вкусен оброк кој ќе го обожаваат сите, особено децата!

Состојки:

  • 1 леб по желба
  • 100 гр растопен путер
  • 200 гр шунка
  • 2 црвени пиперки
  • 1 веза млад кромид
  • 100 гр суво месо
  • 300 гр сирење (чедар или гауда)
  • 2 лажички оригано

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 175 степени. Со нож засечете го лебот, но не до крај. Целта е да направите мрежа составена од коцки леб. Растопете го путерот и премачкајте го преку лебот, особено на местата каде што лебот е засечен. 
  2. На засечените места наизменично редете сирење, шунка, суво месо, пиперка и кромид исечкан на кругови. 
  3. Ставете го лебот во загреана рерна и печете 20 минути. Најважно е сирењето добро да се растопи. Пред крај посипете со оригано.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*