Љубовни писма: Стар рецепт за неодоливи колачи од меко тесто и бадеми

Љубовни писма: Стар рецепт за неодоливи колачи од меко тесто и бадеми

Љубовните писма се стари колачи, кои одамна се заборавени, но ова фино тесто со преубав изглед секако ќе ве поттикне да ги подготвите за вашите најмили.

Состојки:

  • 140 гр путер
  • 140 гр меко брашно
  • 4 јајца
  • сол
  • 140 гр шеќер
  • 140 гр мелени бадеми

Начин на подготовка:

  1. На даска за мешање ставете 140 гр путер, 140 гр меко брашно, 4 жолчки, малку сол и мешајте со раце додека тестото не почне да се одвојува од рацете. 
  2. Од тестото направете 33 топчиња. Секое топче развлечете го со сукало во облик на писмо. 
  3. Разматете цврст снег од 4 белки и 140 гр ситен шеќер, па додајте 140 гр ситно мелени бадеми. Сè добро измешајте со лажица и секое парче тесто филувајте го и свиткајте го во облик на писмо. 
  4. Печете на слаб оган, а откако колачите ќе бидат готови посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text