Сочно јагеншко како под сач: Гради печени во рерна само за вистински гурмани

Сочно јагеншко како под сач: Гради печени во рерна само за вистински гурмани

Доколку сакате сочно печено јагнешко, пробајте го овој рецепт…

Состојки:

  • 1,2 кг јагнешки гради
  • 1,2 кг компири
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 1/2 корен целер
  • 3 чешниња лук
  • 1 дл бело вино
  • рузмарин
  • црвена пипер
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Јагнешките гради исечете ги на еднакви парчиња, ставете во сад, зачинете со пипер, сол, бибер, дробен лук, листови рузмаирин и прелијте со малку масло. Сè заедно добро измешајте и ставете на дно на огноотпорен сад. 
  2. Со истите зачини и на ист начин во посебен сад зачинете компир сечен на крупни парчиња, кромид, морков и целер. Со зачинетиот зеленчук прекријте го месото и сè заедно налијте со бело вино.
  3. Ставете да се пече во загреана рерна, на долното ниво, на 200 степени, од прилика половина час. Потоа месото преместете го над зеленчукот и печете уште четириесетина минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text