Оригинален рецепт за раванија – вкусот на детството

Оригинален рецепт за раванија – вкусот на детството

Направете вкусна баклава раванија која има супер вкус.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици масло
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици гриз
  • 12 лажици брашно
  • пола кесе прашок за пециво
  • 1 шолја сечени ореви
  • суво грозје

 

Шербет:

  • 300 гр. шеќер
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Се мешаат јајцата со шеќер, масло, млеко, гриз, брашно, прашок за пециво со миксер, па потоа се ставаат во плех, па се распоредуваат и оревите и сувото грозје.
  2. Ако не сакате не мора да ставите ореви и суво грозје.
  3. Се пече смесата на 180 степени 20 минути.
  4. Кога ќе се излади се сече на коцки, а во лонец се прави шербетот со шеќер и вода.
  5. Се става врз колачот и се остава да се излади и да впие.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Брз чоколаден колач во шолја за двајца

Колач за Велигден без печење

Колач чудо кој ќе го обожавате

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

 

singlepost_text