Посни полнети пиперки: Највкусното посно јадење кое некогаш сте го пробале

Посни полнети пиперки: Највкусното посно јадење кое некогаш сте го пробале

Вкусни и сочни, посни полнети пиперки подготвени по оригинален рецепт!

Состојки:

  • 6 суви црвени пиперки
  • 3 праза или една главица кромид
  • 100 гр крупно мелени ореви
  • 100 гр грав
  • 1 шолја ориз
  • мешавина од сув зачин
  • црвена пипер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кратко пропржете го празот или ситно сечканиот кромид на малку масло, а потоа додајте мелени ореви. Пржете сè заедно уште 2-3 минути и потоа додајте измиен и исчистен ориз и пасиран варен грав.
  2. Продолжете со пржење уште 1 минута, па додајте мешавина од зачини, посолете и побиберете по вкус. Крчкајте уште 2 минути на тивок оган. За тоа време оставете ги сувите пиперки да отстојат во топла вода, за полесно да се наполнат. Потоа наполнете ги со подготвениот фил, но водете сметка да не се наполнат до врв.
  3. Полнетите пиперки редете ги во тенџере, долијте малку вода и крчкајте на тивок оган додека оризот не биде зготвен. По потреба доливајте уште вода. Потоа, запечете во рерна загреана на 200 степени па пред крајот на печењето прелијте со масло претходно пропржено со црвена пипер.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*