Ова е најпопуларниот колач во Америка: Многу е кремав, а толку лесен за спремање

Ова е најпопуларниот колач во Америка: Многу е кремав, а толку лесен за спремање

Направете лесен, брз и кремав колач кој е мега популарен во Америка.

Состојки за бисквит:

  • 2 шолји шеќер 
  • 4 јајца 
  • 1 ½ шолји брашно 
  • 1 шолја млеко 
  • ¾ шолји масло 
  • 2 ¼ лажички прашок за пециво 
  • 1 лажичка ванила екстракт

Крем:

  • 2 пудинзи од ванила
  • шеќер
  • млеко

Глазура:

  • 240 гр. чоколадо 
  • 1 шолја слатка павлака

 

 

Подготовка:

  1. Шеќерот и јајцата се матат со миксер, а кога ќе стане смесата пенаста се става брашното со прашок за пециво, млеко, масло и ванила. 
  2. Се става смесата во плех и се пече на 180 степени 30-40 минути. 
  3. За крем се вари пудингот како што е прикажано на кесето, во млеко со шеќер. 
  4. Се става врз готовиот бисквит, па се лади. 
  5. За глазира се растопуваат павлаката и чоколадото и се става глазурата врела врз ладниот колач. 
  6. Се сече на коцки.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

 

 

 

 

 

 

singlepost_text