Посен деликатес кој мора да го пробате: Полнети пиперки со макарони

Посен деликатес кој мора да го пробате: Полнети пиперки со макарони

Посен деликатес со пиперки и пченка. Вкусно јадење за постот.

Состојки:

  • 5 бабури
  • 200 гр. варена пченка
  • 30 гр. макарони посни
  • 1-2 лажички вински оцет
  • малку црвен пипер
  • магдонос
  • сол
  • бибер

 

Начин на подготовка:

  1. Бабурите се мијат, се вади внатрешноста и се длабат, па се става сол и бибер во нив.
  2. Се варат 10 минути во солена вода.
  3. Се вари и пченката, се пропржува потоа на маргарин со вински оцет и магдонос.
  4. Се варат и макароните кратко, па се мешаат со пченката.
  5. Се полнат пиперките, се ставаат зачини и се редат во сад во кој се додава околу една шолја вода.
  6. Се запекуват додека не изврие водата.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони