Посна капри торта без печење: 4х4 кремасти слоеви

Посна капри торта без печење: 4х4 кремасти слоеви

Одлична комбинација од вкусови, може да се прави и кога не е пост, особено во текот на летните денови…

Состојки:

  • околу 800 гр бисквити
  • 300 гр чоколадо за готвење
  • 6 лажици масло

Состојки за прв фил:

  • 1 л сок од портокал
  • 3 пудинга со вкус на ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав

Состојки за втор фил:

  • 300 гр јагоди (може и малини, капини…)
  • 400 мл вода
  • 2 пудинга со вкус на јагоди
  • 8 лажици шеќер
  • 50 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Разматете пудинг и шеќер со 200 мл сок, а остатокот оставете го да зоврие. Згответе пудинг кога ќе зоврие па мешајте додека не згусне. Тргнете од оган, прекријте со фолија и оставете да се излади.
  2. Во јагодите додајте 5 лажици шеќер и 200 мл вода. Оставете да зоврие, испасирајте и оставете да врие уште неколку минути на силен оган со повремено мешање.
  3. За тоа време разматете пудинг со остатокот од шеќерот и 200 мл вода, па згответе во кашата од јагоди. Кога ќе згусне додајте 50 гр маргарин, мешајте додека не се растопи па тргнете од оган. Додека чекате филовите да се изладат, растопете чоколадо со масло, измешајте, треба да е поретко, полесно да се мачка на бисквитите и да има за сите 4 реда. Доколку ви згусне, повторно малку загрејте.
  4. Наредете го првиот ред од 16 бисквити во облик кој вам ви одговара, па премачкајте и оставете да стегне. Разматете пенасто 200 гр маргарин со шеќер во прав па додајте изладен пудинг и сè разматете. Откако кашата од јагоди ќе стегне, разматете со миксер малку да попушти.
  5. На бисквитите нанесете фил од ванила, па од овошје и повторно наредете бисквити, па премачкајте со чоколадо. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите последниот ред бисквити, него исто така премачкајте го со чоколадо. Околу по желба украсете со посен шлаг.
  6. Оставете да отстои преку ноќ, бисквитите да омекнат за тортата да може да се сече.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text