Печен компир со бешамел и печурки – Деликатес за брзо време

Печен компир со бешамел и печурки – Деликатес за брзо време

Направете вкусен деликатес со компири и бешамел сос.Не сте пробале ваков специјалитет.

Ова е рецептот:

Состојки

  • 1 кг. компири
  • 1 кисела павлака
  • 3 јајца
  • малку млеко
  • неколку лажици Брашно
  • 2-3 лажици путер
  • 1 шолја печурки
  • 150 гр. салама
  • 100 гр. сирење

Начин на подготовка:

  1. Се лупат компирите и се ставаат зачини по избор (сол, вегета, бибер).
  2. Направете смеса од јајцата и павлаката, па ставете ја врз компирите кои ќе ги исечете на тркала, како за мусака во плех.
  3. Печете на 200 степени 45 минути.
  4. Додека ви се печат компирите направете бешамел сос со маргаринот, неколку лажици брапно и млеко. 
  5. Кога компирите се при крај со печење, извадете ги и ставете го бешамелот, па ставете сирење и салама, како и ситно сечени печурки  врз компирот и вратете да се допече.
  6. Деликатесот е спремен.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

 

 

singlepost_text