Ваков печен компир немате јадено – од сега ќе готвите само вака

Ваков печен компир немате јадено – од сега ќе готвите само вака

Сите јадеме компир, а кога станува збор за него, секогаш на маса имаме пржен, печен, варен или пире иако може да се прават разни специјалитети со него.Компирот не е само додаток на храната, туку може да биде и главна ѕвезда на ручекот.

Состојки:

  • 500 гр. брашно 
  • 30 гр. квасец 
  • 250 мл. вода 
  • 30 мл. маслиново масло 
  • сол 
  • 400 гр. компир 
  • 1 црвена пиперка 
  • 2 чешни лук 
  • вегета
  • масло за пржење 
  • рузмарин 

 

Начин на подготовка:

  1. Квасецот се рони во млаката вода, се меша и се става во просејаното брашно. 
  2. Се додава малсиновото масло и сол, па се замесува тесто кое треба да нарасне за некои 15 минути. 
  3. Се лупи компирот, се сече на кругови, се мие и чисти пиперката, па ситно се сече, а лукот се ренда и се меша со маслиново масло и рузмарин. 
  4. Тестото се развлекува на плех со масло, се редат круговите компир горе, па ситно сечениот лук со рузмарин и пиперката. 
  5. Се става вегета и се пече 35 минути на 200 степени.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

singlepost_text