Гравче на тавче: Грав со печени домати на македонски начин

Гравче на тавче: Грав со печени домати на македонски начин

Ова македонско национално јадење вклучува запечен грав со лута пиперка, идеално за љубителите на пикантна храна.

Состојки:

  • 500 гр грав
  • 2 големи домати
  • 2 црвени лути пиперки
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 2 лажички црвена пипер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Гравот треба да го потопите во вода пред користење, за да не пука и рамномерно да прима топлина. Ако користите сув грав, треба да го потопите во вода ден претходно. Таа вода не се користи. Можете да додадете и сода бикарбона. 
  2. Без оглед на тоа дали користие потопен или свеж грав, треба да го варите во врела вода околу 10 минути. Водата повторно излејте ја. Потоа почнува вистинското готвење на гравот, кое трае околу 40 минути, додека не омекне. 
  3. Во меѓувреме доматите, пиперките и лукот измијте ги, исечете ги, посолете, зачинете, премачкајте со маслиново масло и печете околу 30 минути во добро загреана рерна. 
  4. Кога гравот ќе се зготви, сè заедно ставете во глинен сад, додајте кромид, малку вода и сè заедно печете 30 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text