Посни полнети пиперки од туршија

Посни полнети пиперки од туршија

Совршен рецепт за посните денови, но и за лесен оброк полн со витамини…

Состојки:

  • 15 пиперки од туршија
  • 15 поголеми шампињони
  • 8 струка праз
  • 250 гр ориз
  • 1 лажичка лута пипер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Струковите праз исчистете ги и исечкајте ги, па продинстајте ги на вода. Додајте ориз, сол и лута пипер, па измешајте.
  2. Пиперките од туршија исцедете ги, до половина наполнете ги со подготвената мешавина, затворете со шампињони, наредете ги во тенџере, прелијте со вода и гответе до вриење.
  3. Кога водата ќе зоврие, гответе 15 минути, а потоа намалете ја температурата на минимум и гответе уште 10 минути.
  4. Исклучете ја ринглата, пиперките оставете ги малку да отстојат, повторно вклучете ја ринглата и на сосема слаба температура гответе додека оризот не омекне, а пиперките не останат без течност.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула