Деликатес за сите сетила: Лепеза компир со моцарела лук и пармезан

Деликатес за сите сетила: Лепеза компир со моцарела лук и пармезан

Има многу рецепти со компири, но овој е деликатесен. Лепеза компир со два вида сирење и лук.

Состојки:

  • 750 гр. компири 
  • 65 гр. маргарин растопен 
  • 65 мл. маслиново масло 
  • 3 чешни лук ситно сечен 
  • сол 
  • бибер 
  • 250 гр. рендана моцарела 
  • 125 гр рендан пармезан 
  • малку магдонос за декорација

 

 

Начин на подготовка:

  1. Изберете компири со слична величина. Излупете ги, па направете им засеци како лепеза. 
  2. Се топи маргаринот се додава маслиново масло и лукот кој треба да е ситно сечен, па се меша и се става оваа смеса на компирите наредени во плех. 
  3. Ставете сол и бибер по вкус. 
  4. Се премачкуваат со уште малку путер и се ставаат да се печат на загреана рерна на 200 степени најмногу 30 минути. 
  5. На половина од печењето извадете ги, ставете им рендана моцарела и пармезан, па вратете ги да се растопи. 
  6. Ставете магдонос врз нив кога ќе бидат готови за декорација.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте