Пилешка мучкалица: Највкусното јадење од рерна

Пилешка мучкалица: Највкусното јадење од рерна

Вкусно јадење од рерна, се спрема лесно и брзо!

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо
  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 200 гр шампињони
  • 2 домати, изрендани
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр сланина
  • 4 кисели краставички
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 главица кромид
  • 1 шолја црвено вино
  • пилешки бујон
  • 150 мл павлака за готвење
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пропржете го пилешкото месо и извадете го во плех. Во истата маст ставете пиперки и сланина. Штом омекнат, додајте и печурки. 
  2. Кога водата ќе испари, ставете кромид, исечкан на полумесечини. По неколку минути додајте домат со лук, вино и кисели краставички. 
  3. Додајте една шолја вода, ставете зачини и префрлете во плехот со месото. 
  4. Печете на 180 степени 50 минути. Потоа додајте павлака и оставете уште 20 минути во рерна.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text