Палачинки од тиквици – брзи и вкусни

Палачинки од тиквици – брзи и вкусни

Брзи, вкусни и евтини, палачинки кои ги сака целото семејство…

Состојки:

  • 400 гр рендани тиквици
  • 1 лажица исечкан свеж магдонос
  • 1 јајце
  • 100 мл млеко
  • 6 големи лажици пченкарно брашно
  • 6 големи лажици брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците изрендајте ги, посолете и оставете ги малку да отстојат. 
  2. Во голема чинија просејте ги двата вида брашно, прашок за печиво, сол, бибер и малку измешајте. 
  3. Тиквиците малку исцедете ги. Во тиквиците додајте магдонос, јајце и млеко. Полека измешјате и постепено додавајте брашно. Смесата ќе биде малку погуста од онаа за палачинки. 
  4. Во тава ставете лажица масло, загрејте, и додајте 1 кутлача од наведената смеса. Бидејќи смесата е малку погуста, со лажица распоредете ја по тавата. Пржете по неколку минути од двете страни. За секое пржење палачинка додавајте по 1 лажица масло. Од оваа смеса се прават 5 палачинки.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text