Вкусни солени погачици

Вкусни солени погачици

Подгответе вкусни солени погачици по едноставен рецепт – може да ги направи секој!

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • малку масло
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 1 коцка квасец

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во малку млако млеко, додајте шеќер, малку масло и остатокот од млекото. Потоа додајте брашно и сол, па замесете тврдо тесто и оставете го да нарасне. Сечете на мали топчиња и секое топче на половина. Развлечете во тенки ваљаци. 
  2. Првиот ваљак свиткајте го на половина, а вториот префрелте го преку него па провлечете ги двата краја низ горниот отвор. Оставете да нарасне, премачкајте со млеко или жолчка. Посипете со крупна сол и печете на 200 степени 15-20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

singlepost_text